HTC е брод што тоне

Тајванската компанија HTC се соочува со огромни проблеми откако клучните директори и менаџери си поднесоа оставки. Освен кадровски проблеми HTC има и финансиски потешкотии бидејќи не успеа да се наметне на пазарот.

Досега компанијата ја напуштија Коуџи Кодера, шеф на одделот за производство, Џејсон Гордон, заменик претседател за глобални комуникации и Ребека Роланд задолжена за глобалниот маркетинг и продажба. Дел од нив веќе нашле нова работа во T-Mobile и AT&T. Ерик Лин, пак задолжен за стратегија на производство, преминува во Microsoft и тој испраќаше предупредувачки твитови за вработените веднаш да го напуштат HTC додека е време.

HTC-tweet-web1

Причина за кризата е слабата продажба бидејќи нивниот водечки смартфон HTC One има слаб маркетиншки ефект кај купувачите. Иако се работи за одличен смартфон кој ја воодушеви експертската јавност, обичните купувачи повеќе го сакаат Samsung Galaxy S IV. Стратешката грешка во маркетингот скапо ќе го чини и извршниот директор Питер Чу кој ќе си поднесе оставка доколку HTC One потфрли целосно со продажбата.

htc-struggles

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -