Galaxy S4 руши рекорди: доаѓаат нови бои

По официјалното претставување на Samsung Galaxy S4 на 27 Април, неверојатниот смартфон успеа да ги надмине сите рекорди: досега се продадени повеќе од 10 милиони уреди за помалку од еден месец.

Само за споредба, на Samsung Galaxy S III му беа потребни 50 дена за да ја достигне оваа бројка. Galaxy S II успеа да продаде 10 милиони телефони за период од околу 5 месеци, додека оригиналниот Galaxy S беше продаден во 10 милиони уреди по 7 месеци.

samsung-galaxy-s-4-white-three-up-front-profile-back

Во моментов, Galaxy S4 е достапен во 110 држави во светот, меѓу кои и Македонија кај сите наши оператори, но корејскиот производител се стреми наскоро најновиот предводник да го испорача во 155 земји со 327 оператори. Исто така, Samsung планира S4 освен вобичаените бела и црна боја, да биде достапен и во нови бои вклучувајќи сина и црвена, но и виолетова и кафеава боја.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

samsung-galaxy-S-Series

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -