Тинејџерка од Саратога, Калифорнија доби награда на саемот за инженерство Intel International Science, претставувајќи го својот пронајдок кој што може да го наполни мобилниот телефон за 30 секунди, но и помалку.
Eesha Khare ја доби наградата за млад научник од Фондацијата Intel, но и 50.000 долари како финалист на натпреварот. Според иновативната технологија на Khare потребно е да биде вградена нова компонента во самата батерија на телефоните, а на тоа Intel додаде дека веќе има потенцијална примена во автомобилските батерии.
За одреден период очекуваме дека модерната технологија ќе го промени работите и во однос на полнењето на батеријата, кое би можело да биде многу кратко како оваа иновација од 30 секунди.
[youtube]http://youtu.be/VjXEFmzSqrg[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk