Што сѐ ќе донесе новата конзола ќе дознаеме утре, а ова се петте работи кои најмалку сакаме да ги видиме во новиот Xbox.
Останува уште еден ден до прес конференцијата во Редмонт, на која Microsoft ќе го претстави новиот Xbox. Отакако пред еден месец беше закажан настанот, на интернет се појавиа голем број на гласани, поврзани со новата конзола.
Еве пет од нив кои не сакаме да се вистинити.
5.Игрите и постигнувањата од Xbox 360 нема да се пренесат на новата конзола
Иако речиси е сигурно дека игрите од Xbox 360 нема да работат на новиот Xbox, се надеваме дека барем постигнувањата и рејтинзите ќе се пренесат на новата конзола.
4.Да плаќаме за Xbox Live
Иако е сигуро дека Xbox Live сервисот и понатаму ќе се наплаќа, Microsoft најави големи изненадувања на настанот во вторник, па можеби едно од тие е и беслатен Xbox Live.
3. Цена повисока од 300 долари
Ќе има два начина да го купите новиот Xbox: по цена од 300 долари и 2 годишна претплата на Xbox Live и без никакви обрски по цена од 500 долари.
Прашање е дали првата опција воопшто ќе биде достапна во Македонија, а ако се знае дека цената од 500 долари во Европа ќе се претвори во 500 евра, новата конзола станува прескапа.
Се надеваме дека, ако овие гласини се вистинити Microsoft, ќе има „милост“ и ќе се премисли.
2.Промени во Xbox контолерот
Се надеваме дека нема да видиме „глупости“ како кај Wii U, ни пак екаран како кај PlayStation 4, единствено што сакаме е поквалитетен и поизджлив од „кршење“ контолер.
1.Постојано онлајн
Купувате нова конзола, ја носите со вас во викендица за никој да не ве „замара“ додека играте, спремате чипс и пиво, поврзувате се како што треба и на телевизорот ви се појавува „Please connect to the internet“.
Ова е еден од многу примери кои ми се вртат во глава кога ќе слушнам „always online“. Додека Microsoft ве „тера“ да ја користите новата конзола за гледање филмови, слушање музика и што уште не, тотално е нелогично да треба постојано да сте поврзни на интернет за таа да работи.
Постојано онлајн, сакаме да бидеме само кога користиме продукти кои се онлајн и во ниедна друга ситуација!
Текстот е објавен во соработка со МкКод