Освен интересни производи за широка потрошувачка, технолошката индустрија често раѓа и прилично забавни реклами. Типичен пример за тоа е неодамна објавената втор епизода на серијата So Real It’s Scary на LG, од која пред неколку часа во YouTube се појави уште еден љубопитен краток клип. Всушност тоа е новата реклама на Microsoft, која ја промовира новата услуга SkyDrive. Во неа со се обидуваат да потенцираат колку е важно да се прави бекап на важните фајлови во облакот, посебно кога лаптопот ќе се запали.
Иако звучи малку екстремно, последното може да стане сосема лесно, според Microsoft, дури и без лаптопот да е дефектен. Еве како:
Ова забавно видео е само уште еден доказ дека SkyDrive почнува да игра голема улога во долгорочната стратегија на Microsoft, кој ја интегрира облачната услуга практично во сите свои нови софтверски производи. Во исто време инвеститорот воведува во SkyDrive и нови функции, со кои качувањето и чувањето на датотеки во облакот би требало да стане полесно, без разлика дали користите Windows или друга платформа.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk