Од секс до љубов

Конвенцијалната мудрост не учи дека мажите и жените имаат потполно различни чувства за прашањето за сексот. Жените по автоматизам емотивно се врзуваат за мажите, а додека пак, мажите брзо одат кај друга сексуална партнерка. Но, новата студија која е направена го менува овој мит.

Истражувањето спроведено од Конкордија Универзитетот во Монтреал покажало дека емоционалната поврзаност може да настане од сексуалните желби. Психологот Џим Фауст и неговиот истражувачки тимнастојувале да откријат од каде доаѓаат чувствата за љубов и сексуални желби.

black-amp-white-couple-handsome-hot-love-sex-Favim_com-97057_largeЗа да го постигнат тоа, прегледале 20 студии на скенирани мозоци на мажи и жени, по пат на уредот за функционална магнетна резонанца. Тие откриле дека љубовта и желбата кои се сметаат за две различни емоции потекнуваат од ист дел на мозокот. Тоа не значи дека љубовта и сексот се едно исто, но сепак, не се толку одвоени емоции како што не учат претходните истражувања.

Истражувачите исто така откриле и поклопување помеѓу сексуалните желби и емоциите, што значи дека од сексуална жеба може да се дојде до љубов и обратно.

Од оваа студија можеме да заклучиме дека не треба на првиот состанок да спиеме со некого бидејжи љубовта може да исчезне од сексот за една ноќ. Тоа го имам видено во многу примери- вели блогерката Линдзи Вест.

Студијата исто така покажува и дека постои неуролошка основа зошто може да се јави емотивна поврзаност по сексот .

Љубовта е всушност навика, која е формирана од сексуалната желба, ако желбата е наградена- вели Фауст.

Доколку се чувстувате поврзан со некој по сексуалниот чин, тоа само значи дека тој дел од мозокот ви работи исправно, а не дека сте очајни. И за крај, според студијата, веројатно нема да ја уништите шансата за пронаоѓање на љубов доколку одлучите да ја покажете жеблата за секс пред емоционалната поврзаност. Тие две работи и онака одат рака под рака.

- Реклама -