Доколку се каете поради раскинувањето и сѐ уште имате силни чувства кон вашето поранешно момче, ова се сигурни знаци дека и тој не е рамнодушен кон вас.
1. Сѐ уште нема девојка
Доколку поранешното момче се уште нема пронајдено адекватна замена, голема е можноста и тој да не е подготвен целосно да продолжи понатаму. Природно е луѓето после раскинување да сакаат да бидат одредено време сами, но доколку поминало поголго, а тој е се уште сам, постои голема можност да не ве заборавил.
2. Редовно ви пишува пораки
Доколку вашиот поранешен редовно ви пишува, ви се јавува и се обидува на сите начини да одржи комуникација со вас и повторно да ви се приближи на било каков начин, тогаш тој дефинитивно не е подготвен да продолжи понатаму.
3. Сака средба
Нормално е да се сретнете понекогаш со поранешниот партнер, особено доколку сте се разделиле пријателски, но доколку се обидува да договори состанок на место кое некогаш ви значело многу и на двајцата, тогаш тука има нешто сомнително.
4. Заеднички пријатели
Често се случува паровите да имаат заеднички пријатели, што понекогаш може да претставува „меч со две острици“. Овие пријатели кога и да ги видите ќе ви кажат за се што се случува со вашиот поранешен, што понекогаш може да биде прилично напорно, иако вашата љубопитност секогаш ќе биде присутна.
5. Редовно ги следи вашите активности на социјалните мрежи
Доколку редовно е во тек со сите новитети на вашиот профил, ви пишува пораки, праќа песни и слични содржини, тогаш не само што не ве заборавил, туку и е очигледно дека му недостигате.
6. Пресреќен е кога ќе ве види
Доколку се сретнете сосема случајно, и забележите дека тој не може да го сокрие возбудувањето, тогаш загарантирано се уште има силни чувства за вас.
7. Ви се јавува кога му е потребна помош
Дали вашиот поранешен ви се јавува кога му треба помош? Тоа е доказ дека се уште ве чувствува за блиска и дека ви верува на вас повеќе отколку на било кој друг.