Доколку сте љубител на виното, еве добри вести за вас. Овој пијалок е одличен борец против стареењето и ја прави вашата кожа убава, млада и здрава.
Пластичниот хирург од Сиетл, Ричард Бекстер тврди дека виното може да направи чуда за кожата, како кај жените, така и кај мажите. Благотворните дејства на виното се познати одамна, но некои се откриени неодамна благодарение на современите истражувања. Антиоксидансите од виното во комбинација со анти-воспалителните агенси и природната алфа хидроксилна киселина се доволно јаки да ви овозможат здрава и убава кожа поради која ќе изгледате помладо.
„Анти-ејџинг“ дејство
Виното содржи висока количина на антиоксиданси кои се нарекуваат полифеноли, вклучувајќи и расвератрол. Тие се силни и делуваат против слободните радикали кои даваат „анти-ејџинг“ дејство.
Контрола на акни
Полифенол ресвератролот го намалува ризикот од воспаление на кожата. Виното ни помага да ги контролираме акните пред да се влоши состојбата. Тоа, исто така, ги отстранува и спречува слободните радикали, а кожата станува помалку подложна на акни. Кожа без акни е една од главните предности на виното.
Ја лекува сувата кожа
Ако имате сува кожа не заборавајте да одберете суво вино со висока концентрација на алфа хидроксилна киселина како што е лимонската, винската и јаболковата. Ова е корисно за обнова на природната влажност на вашата кожа затоа што ја прави мека и еластична.
Ја тонира кожата
Сувото црно вино може да се користи како тоник за кожата. Ако вашата кожа е подложна на акни слободно почнете со примена на овој третман.
Пилинг
Помешајте една шолја бело вино или вински оцет со една шолја овесни снегулки. Оставете нека отстои 4 часа. Тоа ќе делува како супер пилинг. Исто така, можете да ја користите оваа маска еднаш на седум дена за вашата кожа да биде што помлада и поубава.
Заштита на кожата од УВ зраци
Според едно најново истражување, белото вино има значајни предности за вашата кожа затоа што ја штити од ултравиолетовите зраци.
Совет: Сѐ што е добро за нашето тело е штетно ако се конзумира повеќе од препорачаната количина. Уживајте во вашиот омилен пијалок, но само во умерени количини.