Пет безвременски фризури

Овие пет вообичаени фризури се секогаш во тренд, иако наизглед се едноставни. Можат да се носат на мноштво начини, а ние ви ги откриваме најактуелните:

1. Коњско опавче – Популарно е отсекогаш. Високо, ниско, средено, разбушавено, за секоја прилика, од свечен коктел до вежбање во теретана.

 

 konjski_rep (1)

2. Пунџа – Како и опавчето, пунџата е најносена фризура поради едноставноста и функционалноста. Кога си доаѓате дома: фаќањето на косата во пунџа е првата работа што ја правите, зар не? Најпопуларен начин на нејзино носење е неуредно топче на врвот на главата или уредно собрана коса без ниедно влакно отстрана.

 trend-frizura-letovo-pundja-kok-6

3. Природни бранови –  Секси брановидна коса како на Ангелите на Викторија остава без здив. За природно брановиден изглед, исушете ја мократа коса со крпа, нанесете пена за коса и со прстите обликувајте ја. Ќе ви изгледа освежено.

 Victoria-Secret-Model-Hairstyles

4. Кратко – Хит меѓу познатите како Мајли Сајрус, Шарлиз Терон, Ен Хатавеј… смела промена за девојка, тренд кој се разви последнава деценија.

 rihanna_hairstyles_pictures_4

5. Плетенка – Плетенки на секој чекор, но не и класични и старомодни туку креативни и ефективни како украсно опавче, пунџа или распуштена коса.

pletenka-qribina-koskaq-za-sekoja-prigoda

- Реклама -