Во својата книга, Ultimate Guide to Twitter for Business, онлајн маркетинг стручњакот, Тед Продромоу (Ted Prodromou) нуди лесни и разбирливи совети за користење на Twitter што ќе им помогне на сопствениците на малите бизниси да генерираат лидови и подобро да се поврзат со своите потрошувачи.
Во овој извадок од книгата, авторот нуди неколку совети на темите кои треба да се избегнуваат кога се твитува.
Сега, откако имате некои идеи за тоа што да кажете на Twitter, еве неколку совети во врска со тоа што би требало да биде забрането да се каже на социјалната мрежа. На сите им се случило барем еднаш во животот да кажат нешто што не треба на некого што не треба, нешто за кое сите понекогаш си споменуваме или за истото сме потсетени од некого.
Сепак кога ќе кажете нешто лошо преку социјалните медиуми, тоа не само што е видливо на милиони луѓе, туку и останува онлајн подолг период. Поради оваа причина треба секогаш да се земе во обѕир народната поговорка: “Два пати мери, еднаш сечи”, односно да се размисли два пати пред да се притисне копчето Tweet и да се испрати некој неодмерен коментар намерен кон оној што Ве изнервирал. Затоа земете неколку длабоки здивови, избројте до десет и прашајте се себеси дали сакате целиот свет да го прочита она што сакате да го иствитате.
Никогаш не одговарајте на негативен начин кога некој ќе каже нешто лошо за Вас на социјалните медиуми, а доколку веќе сте се одлучиле да го направите истото, тогаш направете го на дипломатски начин, затоа што целиот Twitter свет ќе Ве гледа. Покрај ова, одговорот на дипломатски и професионален начин има позитивен ефект врз Вашата репутација, додека негативниот одговор само ќе направи да изгледате недозреано и може да има негативен ефект на Вашиот бизнис. Повеќето од Вас веројатно го имате поврзано Вашиот Twitter профил со другите профили на Facebook и LinkedIn. Поради тоа треба дополнително треба да се прашате дали сакате Вашиот негативен твит да се појави и на LinkedIn, каде Вашите потрошувачи и потенцијални клиенти може да го видат истиот.
Кога ги земате во обѕир социјалните медиуми како опција за промовирање на Вашиот бизнис, треба да ги имате овие три важни работи на памет:
1. Имајте причина
Започнете да мислите зошто го користите социјалниот медиум за Вашиот бизнис. Дали тоа е за да генерирате лидови, да го набљудувате Вашиот бренд, обезбедите поддршка за Вашите потрошувачи или да ја проширите Вашата професионална мрежа? Доколку сте почетник на Twitter, “слушајте” ги другите разговори се додека не се чуствувате комфорни за текот на самиот разговор. Не твитајте ништо што не би му го кажале на некој во лице.
2. Не се работи секогаш за Вас
Не испраќајте бесконечен број на твитови поврзани со Вас и Вашата компанија. Twitter работи најдобро кога ќе стапите со некој во разговор, слично како што би го направиле истото кога се среќавате со некого во живо.
Twitter работи на сит начин како вмрежувањето во живо. Тајната на успехот е да бидете позаинтересирани да научите што другите имаат да кажат отколку Вие да им зборувате само за Вас. Луѓето, без одложување, ќе се поврзат со Вас доколку покажете интерес за нив и ги прашувате прашања во врска со тоа каде работат или што прават во слободно време. Поставете им прашање и “ислушајте” го нивниот одговор и потоа поставете друго прашање и повторно направете го истото. Дозволете 80% од времето тие да зборуваат и ќе видите дека наскоро тие ќе им кажат на своите пријатели дека Вие сте најинтересната личност која ја сретнале по подолг период.
3. Запомнете ги Вашите клиенти и мајка
Едно од златните правила е да не се постира нешто што не сакате Вашата мајка, баба, клиенти или вработени да прочитаат и да Ве асоцираат со истото , затоа што додека добриот збор патува брзо, лошиот патува уште побрзо, особено преку Интернет и Вашите твитови може да бидат ретвитувани и препратени до милиони луѓе за само неколку секунди.
Еве Ви неколку дополнителни совети за теми кои треба да ги избегнувате додека твитате:
• Не кажувајте негативни работи за Вашата конкуренција.
• Не стапувајте во дијалог со негатина конотација со Вашата конкуренција.
• Не започнувајте онлајн расправии со Вашите незадоволни потрошувачи. Наместо тоа стапете во контакт со нив со тоа што ќе ги прашате како може да им помогнете и замолете ги да Ви испратат електронска пошта или да Ви се јават на бројот кој ќе им го оставите како контакт информација.
• Не твитајте за Вашиот сексуален живот.
• Не твитајте за Вашите бурни ноќи поминати надвор и дефинитивно не твитајте слики од Вашите вечерни зилегувања.
• Не твитајте за политика.
• Не твитајте за религија.
И за крај запомнете дека го користите Twitter за да го промовирате Вашиот бизнис, поради тоа треба да бидете професиоонални во секој момент. Во ред е доколку стапите во дијалог со други, но не навлегувајте во контраверзни теми кои може да ги поделат Вашите потрошувачи и потенцијални клиенти.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk