Најновата француска студија покажува дека мажите ги привлекуваат жени кои се слични на нив самите, како по градбата на телото, така и по цртите на лицето.
Најновата француска студија покажува дека мажите ги привлекуваат жени кои се слични на нив самите, како по градбата на телото, така и по цртите на лицето. Затоа не е ни чудно дека брачните партнери си наликуваат еден на друг и имаат најмногу заеднички црти на лицето во споредба со другите луѓе.
Студијата на францускиот институт Sciences de l’Evolution во Монпеље спроведена на 200 луѓе дошла до заклучок дека мажите по правило, помеѓу четири компјутерски обработени фотографии на лице, ја одбрале жената со најслични црти на лицето, едноставно затоа што најмногу им се допаѓала.
Иако претходните истражувања покажаа дека мажите најчесто за стални партнерки ги одбираат жените кои личат на нивните мајки, а жените мажите кои ги потсетуваат на татко им, љубовната терапевтка Џин Хана Еделштајн истакнува дека морате да биете свесни дека врските не се темелат само на надворешниот изглед, затоа не треба да се форсира премногу и да се отфрли партнерот, само затоа што не си личите како јајце на јајце!