Машкиот мозок по секс функционира сосема поинаку отколку кај жените.
Во американските филмови и серии по сексот секогаш следуваат гледање во очи и длабоки разговори до доцна во ноќта. Во реалниот живот, жените со задоволство би воделе разговори, но тоа често пати завршува поинаку. На повеќето мажи им оди на нерви галењето и размислувањето по „акцијата“ во кревет.
Две работи што им паѓаат на памет се вртење на другата страна и спиење или гледање телевизија. Третата опција е „прошетка“ до фрижидерот. А постои и научен доказ зошто е тоа така.
Имено, делот од мозокот што служи за размислување кај мажите едноставно се „гаси“ по сексот. Тогаш се вклучуваат другите делови кои на останатите им „наредуваат“ да се деактивираат од сексуалните желби и останатите активности кои бараат вложување напор. На целиот процес му помагаат и окситоцинот и серотонинот со кои сонот се индуцира многу побрзо.
Па, драги девојки немојте премногу да им се лутите за назаинтересираноста по главниот дел. Така решила природата.