Сокотра е мал архипелаг составен од четири острови во Индискиот Океан, кои се простираат 250 km на Сомалија и 340 km на Јемен. Најголемиот од нив, чие име е исто, Сокотра, е едно од најспецифичните и необични места на планетата земја.Ова мало парче земја е преполно со повеќе од 700 екстремно ретки видови на флора и фауна, а кои некои од нив се стари и по 20 милиони години. Иако климата е премногу топла и сува, тоа не е пречка за растителниот свет и понатаму да опстојува и цвета. Една од главните карактеристики на овој остров се дрвјата во облик на чадор познати под името „Змејска крв“, кои можат да се најдат само тука, како и необично заобленото дрво Дорстениа.