Обама го глуми Даниел Деј Луис (видео)

Во рамки на традиционалната вечера што се приредува во Белата куќа за новинарите кои ја следат работата на американскиот претседател, прикажано беше шеговито видео во кое Барак Обама го имитира актерот Даниел Деј Луис.

Режисерот Стивен Спилберг на почетокот на видеото зборува како по големиот успех на филмот „Lincoln“  одлучил да сними и филмско остварување за актуелниот претседател на САД.

Тој долго размислувал и сфатил дека главната улога би требало повторно да му ја понуди на Деј Луис.

Меѓутоа наместо холивудскиот актер на видеото се појавува Обама кој зборува за себе како за Даниел Деј Луис и за тоа како се подготвувал за улогата на американски претседател.

[youtube]http://youtu.be/BQ-E08LuuxQ[/youtube]

- Реклама -