Спалната соба е место каде поминуваме голем дел од нашето време. Затоа, истата треба да ја претвориме во катче каде се чуствуваме најудобно и релаксирано. Комфортниот ентериер ќе придонесе до тоа да имате убав и цврст сон, додека, интересни тапети на ѕидот ќе ги задоволат вашите очи пред и после спиењето. Еден од последните трендови за уредување на домот е да креирате сонливо расположение во вашата спална соба со помош на тапети со мотиви од ноќта. Тимот на „PIXERS“ создаде спектакуларна серија коja со сигурност ќе ви се допаднe.