Моментот кога метеорот експлодирал и се претворил во светлосна топка го забележал човек кој бил на концерт во Сантијаго дел Естер, Аргентина. Џиновската огнена топка на небото на момент ја претворила ноќта во ден.
Аргентинските експерти велат дека станува збор за метеор кој се движел со брзина од околу 130 000 километри на час, а дека неговиот пречник изнесувал околу 20 сантиметри.