Сте се запрашале некогаш по што всушност газите кога се шетате по плажите? Зголемувајќи ги зрнцата песок 250 пати повеќе од нивната вистинска големина, откриваме еден нов, фасцинантен и разнобоен свет.
Фотографиите се дело на професорот Гери Гринберг од Универзитетот Лондон. Тој поминал пет години пребарувајќи ги плажите во светот, истражувајќи ги зрнцата песок со игли за акупунктура, за да ги најде совршените примероци.
Тој користел сложен процес на фотографирање, правејќи десетици фотографии со различен фокус, кои потоа ги комбинирал со специјален софтвер, за да се подобри длабочината на сликата.
На овие фотографии има камчиња од плажата Хаику, Хаваи (која е најблиску до неговата лабораторија), но и од разни плажи од Јапонија до Ирска.