Најповолни понуди на Blackberry Z10 во T – Mobile

Oд денес, портфолиото на паметни телефони на T–Mobile е збогатено со најновиот Blackberry Z10. Последното откритие на Blackberry, на македонскиот пазар може да се најде по најповолни цени само во Т-Mobile.

Корисниците на T-Mobile, сега можат да го добијат BlackBerry Z10 во комбинација со интернет тарифа или интернет пакет по нивен избор, а моменталната понуда не вклучува дополнителни трошоци или потреба од користење на BlackBerry услуга. Најновиот BlackBerry Z10 е достапен за месечна рата од 601,00 денари, со договор за Доверба 24.

Z10_black_Back Z10_black_ENG_Gen_FrontNoShadow

Доколку се работи за постоечки Blackberry корисник со истечена Доверба или пак корисникот користи Blackberry услуга без договор за Доверба, а сака да го користи новиот Blackberry Z10 телефон, тогаш услугата која е потребна само за стариот телефон, може да се деактивира.

BlackBerry Z10 во комбинација со интернет тарифа или пакет по избор на корисникот, му овозможува побрз и полесен начин на користење со комплетно нови функционалности и апликации. Преку BBM Video, освен видео конверзација, корисниците можат да споделуваат фотографии, резулати од пребарување или заеднички да прегледуваат бизнис документи, а новата тастатурата на допир се прилагодува на корисникот, учејќи го неговиот стил.

Z10_white_Back Z10_White_ENG_Gen_FrontNoShadow

Новите функционалности за менаџирање проекти, интелигентен календар, супер брзо сурфање, NFC технологија за споделување со други уреди, извршување задачи со гласовна контрола, голем 4.2 инчен екран, висока резолуција и тенок дизајн е најдобриот избор за сите бизнисмени и љубители на Blackberry.

 

- Реклама -