Лаги преку кои мажите доаѓаат до секс

Ситните лаги се дел од секојдневието, како за мажите, така и за жените. Меѓутоа, припадниците на посилниот пол почесто се служат со мали лаги за да би дошле до малку акција во креветот. Еве ги најчестите кои тие ги изговараат.

Сакам само да се гушкаме

Лагата која секој маж ја изговара барем еднаш неделно, кога се обидува да објасни дека не сака секс туку само топол допир. Жените доста често „паѓаат на оваа финта“, сакајќи да веруваат дека на нивните партнери навистина им е потребна само нивната близина. За среќа, сексот речиси секогаш добро доаѓа.

78

Не сака секс на првиот состанок

Се разбира дека сака, а ова е само начин преку кој се надева дека ќе го добие. Мажот кој ја уверува жената дека од неа сака повеќе секс, во нејзините очи станува сериозен кандидат за врска, а со самото тоа и е полесно да се впушти во нешто повеќе од обичен прв состанок. Овој трик пали во речиси 50% од случаите.

Само малку…

Реченици од типот на „само до втората фаза“ или „само сакам да се допираме“, се лаги кои повеќето жени ги слушнале сигурно многу пати во животот. Сепак, на тој начин играта само се вжештува, па жените често попуштаат покрај ова убедување и сексот е загарантиран.

black-man-whispering-woman-ears1-600x360

Сакам жени кои не се срамат од својата сексуалност

Многу мажи кои често ги убедуваат своите потенцијални девојки дека нема потреба да чекаат за секс, бидејќи ако тоа се случи прерано, значи дека се сигурни во себе и веруваат во својата сексуалност. за жал, многу од нив доколку брзо го добијат саканото, се чусвтвуваат како да го освоиле она што целеле, па многу девојки се разочаруваат бидејќи им стануваат неинтересни.

Не мораш да возвратиш, само дозволи ми да ти се доближам

Ова е мошне лукав потег, бидејќи во 90% од случаите е природно да се добие огромна потреба да се возврати, па колку и претходно да не биле расположени за тоа.

- Реклама -