Три зборови на кои паѓаат и најголемите мажи

Една единствена реченица може да го смени вашиот сексуален, но и цел интимен живот, а него сосема ќе го разоружат и ќе ве обожава 24 часа. Сепак, внимавајте кога и како ги употребувате…

„Те посакувам веднаш“ – Многу едноставно и максимално ефективно

Зошто?

Доколку ја изговорите оваа реченица додека му ги откопчувате панталоните ќе се случи чудо. Но, ако ја изговорите на неочекувано место, на пример, додека излегувате од кино, е уште поопасна.

Кога мажот е еротски изненаден, неговиот мозок ослободува ендорфини и неуротрансмитери кои ја зголемуваат трансмисијата на импулси и влијаат на расположението, односно го доведуваат во состојба на целосна сексуална надразеност.

Дополнителен бонус на оваа реченица е можноста за нејзино различно толкување, што им остава простор на мажите за фантазии за суровата и спонтаната игра што следува. Поентата е во тоа реченицата да ја употребите стратешки и да ја изговорите во вистински момент. Со тоа ќе ја нагласите вашата решителност да му приредите вистинска забава.

- Реклама -