Деми Мур фотошопирана во списание

Деми МурФотошоп грешки се правеле уште откако постои програмата за манипулација со фотографии, а веројатно ќе се прават уште години и години. Но, сигурно не би очекувале ваква грешка да им се протне на професионалци, како и на сите оние што ги филтрираат фотографиите до печатењето. Погледнете што се случи со Деми Мур во декемвриското издание на списанието “W”.

Фотошоп грешки се правеле уште откако постои програмата за манипулација со фотографии, а веројатно ќе се прават уште години и години. Но, сигурно не би очекувале ваква грешка да им се протне на професионалци, како и на сите оние што ги филтрираат фотографиите до печатењето. Погледнете што се случи со Деми Мур во декемвриското издание на списанието “W”.

Деми Мур

Сите фотографии што одат на насловните страни од списанијата се подложени на корекции, т.е. на фотошоп обработка. Ова особено е случај кога на тие фотографии има луѓе кои се приближуваат кон своите „златни години“, како што е случајот со 47 годишната Деми Мур.

Она што е нејасно е како е возможно, професионалните фотошопери да направат толку очигледна грешка, а потоа и сите оние чија работа е да бараат грешки и во најситните детали, да си дозволат да им се протне недостаток кој се гледа од авион.

Кога велиме недостаток, се мисли сосема буквално – недостаток. Ако уште немате забележано, вперете ги очите во левиот колк на актерката. Се чини дека исчезнал! Ткаенината што ја обвиткува е тука, но не и колкот.

Корицата привлече внимание откако беше пуштена во печат и објавена, пред да се коригира непотребната корекција.

demimidrez

- Реклама -