11 обиди за фотошоп измама

Медиумски фотошоп фалсификати Медиумите (а особено печатените, иако не исклучиво) ја имаат привилегијата да се користат со фотошоп манипулација секогаш кога тоа им оди во прилог. Понекогаш се работи за ситна корекција, но понекогаш за бесрамен фалсификат со кој се измамуваат конзументите. Следи листата на 11 најексплицитни обиди за фотошоп измама.


Медиумите (а особено печатените, иако не исклучиво) ја имаат привилегијата да се користат со фотошоп манипулација секогаш кога тоа им оди во прилог. Понекогаш се работи за ситна корекција, но понекогаш за бесрамен фалсификат со кој се измамуваат конзументите. Следи листата на 11 најексплицитни обиди за фотошоп измама.

11. Џон Кери и Џејн Фонда
Џон Кери и Џејн Фонда
За време на претседателските избори во 2004 година, републиканците очајно се обидуваа да го оцрнат демократот Џон Кери,  противкандидатот на Џорџ Буш. Откако не успеале да пронајдат автентична фотографија што ќе го прикаже како антивоен радикал кој се противел на Виетнамската војна, решиле да фотошопират. И така се родила погорната фотографија од две различни – Џон Кери на антивоен мировен протест и Џејн Фонда на политички собир насочен против тогашната администрација.

10. Еволуцијата на Сталинизмот
Еволуцијата на Сталинизмот
Кога некој ќе му згрешел нешто на советскиот диктатор Јозеф Сталин, тој исчезнувал по брза постапка. По некое време, ги снемувало сите траги за неговото постоење (вклучително и од фотографиите). Иако оваа фотографија е измонтирана далеку пред да бидат измислени модерните компјутери (а камоли фотошоп), таа најдобро ја демонстрира паранојата на Сталин, кој многу бргу успеал да остане сам.

9. Путин по стапките на Сталин

Путин по стапките на Сталин
Во 2007 година Михаил Делајгин се појавил на националното ТВ шоу „Народот сака да знае“. Или барем сите имаат впечаток дека се појавил. Видеото од емисијата го тврди спротивното. Единствен доказ за неговото присуство таму остануваат неговите нозе и едната рака во овој кадар, зашто сите останати делови во емисијата се дигитално отстранети. Причина за тоа е фактот што Делајгин ја критикувал политиката на Путин.

8. Бред и Анџелина на одмор
Бред и Анџелина на одмор
Во времето кога се одигруваше шпанската серија за романсата на Бред и Анџелина, во сенка на врската на Бред и Џенифер, таблоидите го видоа она што би го видел и Реј Чарлс, а остатокот од светот упорно го негираше, месеци пред да можат да обезбедат докази. Затоа решија да си создадат. Оваа насловна фотографија од двојката на заеднички одмор е создадена од сликата на Бред на одмор на Карибите, а Анџелина во Вирџинија.

7. Дигитално зголемување на градите

Дигитално зголемување на градите
Луѓето од филмското студио Warnerbros сфатија дека единственото нешто што му недостасува на постерот за новиот филм од серијата „Хари Потер“ се поголемите гради на девојката чиј лик има 15 години. Браво!

6. Едни Родик боди билдер

Едни Родик боди билдер
Енди Родик изгледал премногу слаб за списанието „Машки фитнес“, па решиле да ја прикачат неговата глава на телото од некој случајно избран боди билдер.

5. Висконсин
Висконсин
Луѓето одговорни за промовирање на Универзитетот Висконсин потрошиле многу време пребарувајќи ги фотоархивите, барајќи доказ дека и Црнци учат кај нив. Откако не нашле, на брошурата ставиле фотографија на која намонтирале еден неприродно приклештен црн маж.

4. О.Џеј не е доволно црн за магазинот Тајм
О.Џеј не е доволно црн за магазинот Тајм
Фотографијата од апсењето на О.Џеј не изгледала доволно темна за магазинот Тајм, па решиле да го поцрнат со фотошоп.

3. Бијонсе била премногу црна
Бијонсе била премногу црна
Бијонсе била премногу црна за L’Oreal, па затоа го обелиле нејзиниот тен.

2. Рушење на статуата од Садам Хусеин
Рушење на статуата од Садам Хусеин
Светските медиуми јавија за масовните прослави при рушењето на статуата од Садам Хусеин. Но, сите прикажани фотографии беа исечени, зумирани. Кога ќе ја погледнете широката фотографија од настанот, ќе видите оти освен оние луѓе веднаш до статуата, нема никој друг на плоштадот.

1. Измачуван бил пластичен војник
Измачуван бил пластичен војник
Оваа фотографија од 2005 година докажа дека ирачките востаници не се ништо подобри во фотошоп отколку западните медиуми. Фотографијава беше пуштена на интернет со тврдење дека се работи за заробен и измачуван војник со име Џон Адам. Експертите ја прегледале, се сомневале во автентичноста поради нискиот квалитет, но не донеле дефинитивен заклучок. На крајот, една компанија за играчки од Америка – Dragon Models ја препозна својата кукла од војник која се вика Коди. Веројатно го измачувале со лупа. Којзнае?

- Реклама -