Голем награден фотоконкурс на ЕМИТЕР

Емитер ЛогоНашите колеги од Емитер организираат фото-конкурс кој заедно со наградниот, ќе има и едукативен карактер. За сите оние што сакаат да учествуваат повеќе информации на следната страна.

Голем награден фотоконкурс на ЕМИТЕР

Испраќајте фотографии, бидете наградени и едуцирајте се!

Пропозиции:


– ЕМИТЕР организира фото-конкурс кој заедно со наградниот, ќе има и едукативен карактер. Тој во континуитет ќе се одвива во секој број почнувајќи од бројот за Март 2008.

– Право на учество имаат сите граѓани на Македонија.

– Фотографиите треба да се настанати во 21-от век и да не се досега објавувани во списанија, весници и на интернет.

– Испратените фотографии треба да бидат снимени со  резолуција од најмалку 3 мегапиксели. Компјутерски генерирани фотографии како и фотографии со мала резолуција нема да бидат земени предвид.

– Фотографиите што ќе ни ги испратите треба да бидат во .jpg формат  и со намалена резолуција: резолуцијата (форматот) треба да биде помеѓу 800×600 и 1600×1200 пиксели, а големината на фајлот најмногу до 200KB. Овие промени можете да ги направите во кој било програм за обработка на слики, на пример во Фотошоп преку менито Image/Image size. Имајте на ум дека доколку  фотографијата биде предложена за награда и изложба, организаторот ќе ви бара да доставите примерок со полна резолуција (мин. 3Mp). Затоа внимавајте да си ја сочувате фотографијата во нејзината оригинална резолуција. Се разбира, доколку не испратите ваква фотографија во пропишаниот рок, ќе бидете изземени од конкуренција.

– Именувајте ги фотографиите на следниот начин: psevdonimnaslov na fotografijata.jpg (на пример, slavko-pejzas1.jpg). Заедно со фотографиите испратете ни и текст-документ со име: psevdonim.doc (на пример, slavko.doc), во кој треба да ги има следните податоци: ваше име и презиме, дата на раѓање и кратки податоци за секоја испратена фотографија: година на настанување, марка и модел на употребениот фотоапарат, како и краток коментар за истата.

– Со самото испраќање на фотографиите авторот на ЕМИТЕР му ги пренесува правата за репродукција во списнанието, на изложба, во каталог и за други потреби во врска со промоција на конкурсот.

– Секој месец ќе бидат прогласувани 3 најдобри фотографии и ќе бидат наградени со вредни награди (технички производи) кои ќе ги обезбедат  нашите спознори, како и со годишна претплата на ЕМИТЕР. На крајот од секој годишен циклус, ЕМИТЕР ќе приреди изложба на наградени фотографии со богат фонд на награди за најдобра фотографија во циклусот, најзастапуван автор, најмлад автор итн.

– Фотографиите испраќајте ги на адреса:
emiter_foto@yahoo.com најдоцна до 17.02.2008  24:00 часот

Селектор на конкурсот: Емилијан Иљоски, ФА1-ФСМ

- Реклама -