Samsung спрема 6.3 инчен таблет

Првите гласини за новиот таблет на Samsung се однесуваа на дисплеј од 5.8 инчи. Меѓутоа, неодамна се појави и верзија од 6.3 инчи на Samsung Global Download со ознаки GT-I9200 (GSM), GT-i9205 (LTE/W-CDMA) и GT-i9208 (TD-SCDMA/GSM).

Компанијата најверојатно нема да го користи називот Fonblet за својот уред туку во прашање ќе биде Galaxy Mega.

Со оглед на достапните податоци, најверојатно во прашање се 2 уреди – помал 5.8 инчен и поголем 6.3 инчен.

Претставувањето на уредите се очекува на средината на јуни оваа година.

- Реклама -