Младите инжинери од Индија, изработиле „напреден“ долен веш кој на жените им гарантира безбедност.
„Anti-rape“ долниот веш има GPS комуникациски систем кој ја известува полицијата за вашата местоположба и сензори на допир кои испраќаат бранови од 3800 волти и го шокираат напаѓачот, а изработен е од материјали кои лесно можат да се одржуваат.
Истражувачите навеле дека се надеваат дека овој производ на жените ќе им пружи „спас од ситуациите на кои можат да наидат во автобусите и на другите јавните места“.
„Шоковите можат да се емитуваат 82 пати“ рекла Маниша Мохан, инжинерка. „Доколку некој се обиде да ја силува девојката и го допре сензорот, ќе доживее страшен струен шок, а GPS и GSM модулите веднаш испраќаат SMS-пораки на бројот за итни случаи како и на родителите на девојката“.
Маниша истакнала дека неодамнешните немили настани во Индија кои со текот на времето стануваат се почести, претставувале главна инспирација за да се направи ваков производ.
„После случајот со групното силување во автобус, сфативме дека мораме нешто да превземеме. Жените станаа главна мета за злоставување. Затоа моравме да направиме вакво нешто за да се заштитиме“, заклучила таа.