Подуеноста на стомакот најчесто е предизвикана поради недоволното џвакање на храната, но и заради претераната употреба на намирници кои содржат лактоза или јаглени хидрати.
Одредени зачини и билки како ананас, ѓумбир, нане и мајчина душица, ги потсмируваат цревата и ја намалуваат надуеноста.
Растенијата богати со етерични масла имаат благотворно дејство и смирувачки ефект врз варењето на храната. Во комбинација со камилица и глуварче, овие зачини го стимулираат ензимот потребен за целосно ефикасно варење на храната и го намалуваат дејството на бактерии кои создаваат гасови.
Проблемот со подуеноста можете да го решите така што ќе направите едноставен напиток со здрави состојки. Се што ви е потребно е шолја ладен чај од камилица или глуварче, шолја јагоди, парчиња ананас, пробиотички јогурт, лажица мед и една шолја со коцки лед.
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.