Најновата пролетно – летна колекција Bambino од познатиот бренд D&G е наменета за најмалите следбеници на модните трендови.
Мајките – обожавателки на овој моден бренд ќе имаат можност своите најмали и најмили да ги облекуваат во парчиња облека од природен материјал и модерен крој во кои освен удобно ќе се чувствуваат и ултра модерно.
Колекцијата се состои од летни парчиња облека и тоа шорцеви, маици, кошули, фустани како и детски аксесоари – кожни ремени, очила за сонце, балетанки…
Истата наликува на колекцијата за возрасни. И тука доминираат цветниот и карираниот принт, линиите, белата тантела и впечатливите бои.
Погледнете ги малите супер модели во рекламната кампањa D&G!