Популарните корисници на Facebook се под стрес

ФејсбукКорисниците на Facebook кои имаат многу пријатели страдаат од стрес поради мислата дека се обврзани посотјано да ги известуваат и забавуваат своите пријатели. Така барем велат резултатите од ново истражување на оваа тема.

Но, ова тврдење беше пречекано со скептицизам од експертите за психологија кои не се согласуваат со методологијата на студијата. Тимот од Edinburgh Napier University извршил интернет анкета на која прашувале 175 студенти за нивните чувства кон Facebook. Речиси три четвртини од оние кои одговориле биле жени. Доктор Кејти Чарлс, предводникот на студијата, изјавила: „Откривме дека оние кои имаат најмногу контакти, оние кои посветиле најмногу време на сајтот, се најподложни на стрес.“

„Ова е како да имате мини новинска агенција посветена на вас. Што повеќе пријатели имате, повеќете чувствувате како да имате публика. Вие сте на некој начин позната личност, и што поголема публика имате, поголем е и притисокот кој го чувствувате“ додала доктор Чарлс. Околу 12 проценти од оние кои одговориле рекле дека се чувствуваат непријатно поради Facebook. Тие имале во просек 117 пријатели на сајтот, споредено со просекот од 75 за останатите студенти.

Од сите испитаници, 63 проценти рекле дека го одложуваат прифаќањето нови пријатели. „Многумина исто така рекоа дека не можат да се оддалечат од сајтот поради страв дека ќе пропуштат некоја важна информација или да не ги навредат пријателите“ додала доктор Чарлс. Еленор Барлоу, консултант за менаџмент кој специјализира во сајберпсихологија во IBM, изјавила дека ваквите тврдења се интересни, но не треба да се земат како генерализација за сите на Facebook. „Студентите често го користат Facebook поинаку од останатите луѓе“ објаснила таа. „На таа возраст тие го истражуваат својот идентитет, дури и на интернет.“

И покрај распространетоста на Facebook помеѓу студентите, студијата на Edinburgh Napier открила дека студентите мислат дека сајтот нуди само скромни или безначајни награди. Според доктор Чарлс, „Како и коцкањето така и Facebook ги чува корисниците во неизвесност, без знаење дали треба да издржат само уште малку за да не пропуштат нешто навистина добро.“ [Popular Facebook users ‘feel more stress’]

- Реклама -