Хормонот на љубовта делува и преку Twitter

0035272Користењето на социјалните мрежи како што се Twitter или Facebook, може во нас да го разбуди чувството на поврзаност со другите, исто како и во „вистинскиот живот“. Ова е заклучокот од едно мало истражување на хормонот окситоцин.


screen-shot-2010-06-24-at-11-35-51-amКористењето на социјалните мрежи како што се Twitter или Facebook, може во нас да го разбуди чувството на поврзаност со другите, исто како и во „вистинскиот живот“. Ова е заклучокот од едно мало истражување на хормонот окситоцин.

Нивото на окситоцин се зголемува или за време на сексуалната возбуда или при допир на партнерите, затоа го нарекуваат хормон на љубовта. Со неговото зголемување расте и довербата, стравот се намалува, а поврзувањето со друга личност е полесно. „Невроекономистот“ Пол Зак (т.н. Доктор Љубов) го тестираше користењето Twitter на еден новинар, па дојде до заклучок дека и виртуелните контакти можат да го зголемат нивото на окситоцин. На новинарот му беше анализирана крвта пред почетокот на експериментот, а потоа тој десет минути праќал и добивал пораки на Twitter. После виртуелното дружење, крвта повторно му била анализирана, а се заклучи дека нивото на хормонот на љубовта значително се зголемило, а количината на хормонот на стресот кортизол се намалила.

„Луѓето се полни со емпатија кога им се зголемува нивото на окситоцинот. Пољубезни се, поискрени и поправедни кон другите, подобри се, па макар и за половина час, откако ќе комуницираат со другите преку социјалните мрежи“, објасни истражувачот Зак од Универзитетот во Калифорнија.

[Social Networking Affects Brains Like Falling in Love]

Користењето на социјалните мрежи како што се Twitter или Facebook, може во нас да го разбуди чувството на поврзаност со другите, исто како и во „вистинскиот живот“. Ова го покажа едно мало истражување на хормонот окситоцин.
- Реклама -