Без разлика дали го сакате или мразите, вие сигурно барем сте слушнале за Фејсбук. Во најмала рака, сте го посетиле овој сајт барем неколку пати, по ваша иницијатива или затоа што некој друг ви пратил линк од нечија слика или профил. На крај, од вас зависи дали ќе станете Фејсбук зависник или ќе го прифатите како големо губење на време и нешто непотребно во вашиот секојдневен живот.

Како и да се чувствувате, Фејсбук денеска е најголемата социјална мрежа во светот. Со преку 400 милиони активни корисници, оваа веб-страница полека станува еден вид на порта кон целиот интернет. Ќе проследиме неколку интересни факти во врска со Фејсбук, корисни за оние кои сакаат да го надополнат своето знаење за оваа социјална мрежа.
Фактите подолу можете да ги искористите и како материјал за фалење пред другите Фејсбук зависници со кои сме опкружени секој ден.
1. На почеток, Фејсбук бил финансиран од страна на ко-основачот на Paypal со 500 илјади долари.
2. Има докази дека основачот, Марк Зукерберг, украл многу од идеите и голем дел од кодот на ConnectU. Тие ги тужеа Фејсбук во Февруари 2008 година и прифатиле неоткриена сума на пари како спогодба
3. 400 милиони корисници се логираат на нивниот профил барем еднаш месечно
4. Половина од овие корисници се логираат секој ден
5. 70% од корисниците на Фејсбук живеат надвор од САД
6. 44.1% од жителите на Данска имаат активен Фејсбук профил.
7. Од сите веб-страници на интернет, Google.com е единствената која има повеќе сообраќај од Фејсбук
8. Yahoo! се обиде да го купи Фејсбук во 2006-та година за 1 милијарда долари
9. Во светот, просечно се поминуваат по 8,300,000,000 часови месечно на оваа социјална мрежа
10. F.A.D. сега се смета како кратенка за пореметување/зависност наречено Facebook Addiction Disorder
11. Праќање покана за суд преку Фејсбук сега се смета за легaлна достава во Австралија
За подетално разбирање како статистички изгледа Фејсбук денес, проследете ја оваа визуелна инфо-карта подолу.