Отсекогаш сте сакале да го видите ремек-делото на Микеланџело, но не сте можеле да си дозволите да отпатувате во Рим? Тогаш погледнете ја неверојатната виртуелна тура која ве води во внатрешноста на Систинската капела и уживајте во прекрасните декорации со фрески од големите мајстори.

Славата на Систинската капела во Ватикан доаѓа пред сè од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели. На олтарниот сид се наоѓа „Страшниот суд“ на Микеланџело, дело кое своевремено, па и денес, предизвикува контроверзи поради видните луѓе кои уметникот ги сместил во пеколот, како и поради голотијата на фигурите непримерна за христијанскиот морал.
Тоа е импозантно и драматично уметничко дело, го зафаќа целиот олтарен ѕид на капелата, со димензии од околу 13,7 х 12 метри. Микеланџело го оставил и својот автопортрет на сликата, во ликот на Св. Бартоломеј кој ја носи својата одрана кожа. Сега ова ремек дело можете да го погледнете одблиску, како дел од виртуелната тура, тука.