Знаете ли како пенисот најчесто се повредува?

Ако се насмеавте кога го прочитавте насловот, тогаш никогаш не ви се случило тоа. Всушност, една од најчестите повреди поради кои мажите одат во болница е повреда на половиот орган со патентот на панталоните.

Една студија објавена во британскиот весник „British Journal of Urology“ тврди дека патентот на панталоните е најчестата причина за повреда на пенисот.

На листата на причини за болни инциденти следува возењето велосипед. Кај децата, се вели во студијата, најчестата причина за повреда е даската на ВЦ школката.

„Ќе бидете изненадени од тоа колку момчиња го „одмораат“ пенисот на работ на ВЦ школката“, вели урологот Херман Синг Бага од Универзитетот во Калифорнија.

Невнимателното затворање на патентот може да предизвика сериозни повреди. Иако трајните оштетувања се ретки, пенис заглавен во патент знае да доведе до хируршки зафат.

Ако ви се случи инцидент, Бага советува да се обидете да се ослободите нежно спуштајќи го патентот. Ако не ви успее тоа, немојте да продолжите да се обидувате туку веднаш заминете во болница. Не се срамете. Не сте единствени!

- Реклама -