Интернетот – кандидат за нобелова награда за мир?!

nobelНобеловата награда според некои одамна го изгуби вистинското значење, барем кога мирот е во прашање, особено заради спорниот минатогодишен добитник на ова престижно признание – Барак Обама. За и оваа година да биде интересно се погрижи Одборот за доделување кој на листата на номинирани го вклучи и Интернетот. Така, за прв пат во историјата на листата се најде и кандидат кој воопшто не е човечко суштество.

0eab4b45995443961a510cc822feb58bНобеловата награда според некои одамна го изгуби вистинското значење, барем кога мирот е во прашање, особено заради спорниот минатогодишниот добитник на ова престижно признание Барак Обама. За и оваа година да биде интересно се погрижи Одборот за доделување кој на листата на номинирани го вклучи и Интернетот.

Така, за прв пат во историјата на листата се најде и кандидат кој воопшто не е човечко суштество. Тука почнуваат компликациите, бидејќи, кога Интернетот навистина би победил, се поставува прашањето кој ќе ја земе наградата во негово име.

Интернетот беше номиниран од стрaна на италијанското издание на магазинот Wired кое ја покрена кампањата „Интернет за мир“ (www.internetforpeace.org/) во ноември. Нивното објаснување е дека Интернетот ја уништува омразата и конфликтите и промовира дијалог. Kампањата “Интернет за мир“ до септември 2010 ќе им биде посветена на различните приказни и искуства на луѓето кои со помош на интернетот се обиделе да направат нешто конкретно за промоција на мир и хармонија во светот.

Имињата поврзани со овој проект се повеќе од звучни: добитничката на Нобелова награда за мир Шрин Ебади, научникот Умберто Веронези, дизајнерот Џорџо Армани и уредникот на италијанскиот Wired Рикардо Луна. Покрај Интернетот, годинешните кандидати за Нобелова награда за мир се кинескиот десидент Лиу Џибао и Светлана Ганушкина, активистка за човечки права. [The Internet Has Been Selected For The Nobel Peace Prize 2010: Confirmed]

- Реклама -