Решавање математички проблеми чекор-по-чекор

wolframВи текнува на Wolfram|Alpha, суперинтелигентниот пребарувач кој излезе во мај оваа година? За тоа колку е интелигентен можете да се уверите преку новата опција која ја понуди истиот, а која ќе ги реши вашите проблеми со домашната работа по математика. Имено, Wolfram|Alpha  од сега ќе ве води чекор-по-чекор во процесот на решавање математички задачи.

Ви текнува на Wolfram|Alpha, суперинтелигентниот пребарувач кој излезе во мај оваа година? За тоа колку е интелигентен можете да се уверите преку новата опција која ја понуди истиот, а која ќе ги реши вашите проблеми со домашната работа по математика. Имено, Wolfram|Alpha  од сега ќе ве води чекор-по-чекор во процесот на решавање математички задачи.

wa

Како што можете да видите од примерот, треба да ја внесете задачата и потоа да кликнете на „Show steps“ за да погледнете како чекор-по-чекор да дојдете до решението. Оваа опција овозможува да ги совладате основните принципи на математиката или може да биде убав начин да ги проверите различните начини како да решите еден математички проблем. Па следниот пат кога ќе бидете решени да се откажите од решавањето на некој тежок математички проблем проверете го истиот на Wolfram|Alpha, а во нивната Homework Day Gallery можете да погледнете примери како да го искористите Wolfram|Alpha како алатка за учење и по други предмети.

- Реклама -