Нов интернет пребарувач за муслиманите

Повеќе... Од пред неколку дена верниците од муслиманска вероисповест имаат на располагање нов пребарувач кој ги блокира оние резултати од пребарувањето кои не се во согласност со исламските закони.


090901_halal1.jpgОд пред неколку дена верниците од муслиманска вероисповест имаат на располагање нов пребарувач кој ги блокира оние резултати од пребарувањето кои не се во согласност со исламските закони.

ImHalal.com ги прикажува само резулатите од пребарувањето кои се во согласност со Халал, што значи каква била еротска содржина, порно итн. не доаѓаат во предвид. Пребарувачот користи различни техники за да одреди кои резултати се Халал (прифатливи) односно Харам (забранети).

Од компанијата која го лансираше овој пребарувач AZS Media велат дека се одлучиле на овој чекор бидејќи во последните неколку години Муслиманите се многу активни на интернет и им недостасува алатка од ваков тип која за разлика од другите, нема да прикажува содржини кои се против нивната религија.

ImHalal ги рангира веб страниците во Haraam (забранетата) скала од една до три ѕвезди, сугерирајќи да го повторите пребарувањето доколку резултатите кои ги барате не се прифатливи за прикажување.

090901_halal2.jpg

- Реклама -