Videojug.com: Животот објаснет. На филм.

videojug.jpgНа почетокот во 2006 година Videojug беше една малечка архива со
интересни видеа, која полека станува веб-прирачник за сите работи кои
не опкружуваат во животот.


На почетокот во 2006 година Videojug беше една малечка архива со интересни видеа, која полека станува веб-прирачник за сите работи кои не опкружуваат во животот.

screenshot-how_to_make_a_basic_italian_tomato_sauce_recipe_food__drink_italian_-_mozilla_firefox.png

Videojug има повеќе канали со претходно снимени видеа на тема убавина и стил, креативност и култура, семејство и едукација, храна и пијалаци, здравје, љубов, пари, кариера, спорт, технологија, автомобили и сл.

Па така, додека некои гледаат како да научат да се бакнуваат страствено, други пребаруваат рецепт за свежа италијанска паста, која може да се приготви со најмалку напор и без претходно готвачко искуство.

На сајтот може да научите и како да ја врзете вратоврската, како да здиплите маица за 2 секунди и уште многу други совети кои ќе ве направат оригинален lifehacker(односно некој што прави кратенки во животот, е попродуктивен и заштетува време).

„Видеоџаг“ денес има околу 30 милиони посетители и презентира преку 800 професионално снимени видеа неделно, дел од кои се испратени од самите посетители.

Се надеваме дека ќе ви биде од корист и на вас! [videojug.com]

- Реклама -