Galaxy S4 – неофицијални цени во ЕУ

Корисниците ширум светот со нетрпениe очекуваат да ја дознаат цената на неодамна претставениот смартфон на Samsung – Galaxy S4. Иако компанијата допрва треба да ги објави цените на новиот уред, се појавија неофицијални податоци за Италија и други земји од Европската унија.

Цените ги објави сајтот Andrdoid Caotica кој тврди дека Galaxy S4 во Италија ќе бидe достапeн по цена од 699 евра, додека во некои земји од ЕУ цената ќе биде 599 евра .

Цената не е единственото нешто што се разликува во Италија и во остатокот на Европа – уредот ќе биде достапен во Италија од втората недела од мај, додека остатокот од ЕУ ќе биде во можност да дојде до него на 26 април, на истиот датум кога Galaxy S4 ќе пристигне во продавниците во Америка.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

Сајтот наведува дека причина за одложувањето на пристигнувањето во Италија е Exynos 5 Octa Core процесорот што Galaxy S4 ќе го има во оваа земја, за разлика од процесорот Qualcomm што ќе биде вграден во уредот во Германија и Холандија.

- Реклама -