Летната сезона не би била жешка доколку не ја отворат ангелите на Victoria’s Secret. Токму тие ја презентираа најновата колекција на костими за капење, туники и мини – фустани за на плажа.
Каталогот со моделите од најновата колекција за претстојната сезона пролет/лето излезе минатата недела, а вчера ангелите Кендис Свонепул, Алесандра Амбросио и Карли Клос во моделите од колекцијата се појавија на приватната журка во Лос Анџелес.
Пред да се препуштат на забавата, ангелите позираа пред објективите на фотографите. Погледнете дел од грандиозната журка покрај базен!