Како да отворате веб страници кога имате слаба интернет конекција, игри за деца, алкохоличарски тестови за возрасни, македонски портал за медицина и уште неколку корисни и забавни веб страници.
Како да отворате веб страници кога имате слаба интернет конекција, игри
за деца, алкохоличарски тестови за возрасни, македонски портал за
медицина и уште неколку корисни и забавни веб страници.
Најпрвин нешто за најмладите. Zuigames е бесплатен портал за флеш игри наменет посебно за децата. Секоја од игрите е безбедна за децата, такашто родителите можат слободно да ги остават да ја прелистуваат страницата без да се грижат дека можат да налетаат на некаква игра несоодветна за нив.
Доколу интернет конекцијата ви е бавна, а сакате побрзо да отворите некоја веб страница тогаш појдете на BareSite. Не е потребна никаква инсталација или преземање, едноставно само внесете го URL-то на страницата која сакате да ја отворите, а BareSite ќе ги одбегне сите непотребни атрибути на веб страницата која ја отвора и ќе ја остави само главната содржина.
The alcohol experiment
Пресметајте колку калории сте внесле со алкохолот што сте го испиле минатата вечер и потоа видете на што се еднакви тие калории кога би ги внесувале преку храна. Ќе се изненадите од резултатите.
Typeracer
Мислите дека брзо куцате на тастатура? Споредете ги своите вештини со другите кои мислат така на онлајн натпреварот во куцање – Typeracer.
Освежете го вашиот десктоп со нова позадина од големиот избор на DesktopNexus .
ThatsMyFace нуди бесплатна онлајн анализа на вашето лице. Потребни ви се две ваши фотограФии (една од профил и уште една анфас) кои треба да ги аплоадирате и за неколку часа ќе ви стигне вашиот профил кој вклучува: вашето лице на 20,40 и 60 години, како би изгледале како маж/жена/црнец/азијат, ваша карикатура, анализа на лицето од аспект на асиметричност, атрактивност и др.
Моја Медицина е првиот сеопфатен медицински веб портал во Македонија кој на online корисниците им обезбедува едноставен и систематизиран пристап до информации од областа на медицината со цел да им помогне на луѓето во одржување и грижа на сопственото здравје како и на професионалците во пронаоѓање на информациите кои им се потребни.
На iSerenity можете да најдете звуци и слики дизајнирани за намалување на стресот, релаксација и блокирање на надворешните звуци додека работите на компјутер.
На Polyvore можете едноставно да креирате колажи користејќи слики од различни места на интернет за модни комбинации, ентериери или некоја друга креативна комбинација.
Млади инфо е инфо портал, наменет за сите амбициозни млади луѓе кои имаат желба да се усовршуваат и едуцираат во различни области на универзитетите и институциите низ светот. Овој портал е создаден на крајот од 2008 година најмногу поради недостигот од информации со кој се соочуваа младите од Мaкедонија.
И на крај нешто за релаксирање во овие зимски денови – снежни пејзажи.