Иднината на интернетот според IBM

Повеќе... IBM секоја година ја објавува својата листа на наредните пет иновации кои го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој луѓето ќе живеат следните пет години. Ова досега е трета по ред таква листа и помеѓу другите работи во неа се споменува и дека иднината на интернетот е во гласовните команди што би значело дека ние ќе зборуваме наместо да типкаме по тастатурата и дека исто така повратните информации ќе бидат говорни.

google_mobile_app_sushi.pngIBM секоја година ја објавува својата листа на наредните пет иновации
кои го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој луѓето ќе живеат
следните пет години. Ова досега е трета по ред таква листа и помеѓу
другите работи во неа се споменува и дека иднината на интернетот е во
гласовните команди што би значело дека ние ќе зборуваме наместо да
типкаме по тастатурата и дека исто така повратните информации ќе бидат
говорни.

Во суштина ова веќе се случува, како што може да се заклучи од најновите верзии на iPhone од Google. Дефинитивно има потенцијал во говорниот интернет – одговарање на мејловите побрзо со користење на гласот, сурфање на интернет преку гласовни команди до компјутерот, пишување на текст преку диктирање итн.

Преориентирањето кон гласот ќе се случи во некои места заради културните специфики и заради зголемениот тренд да се пристапува кон интернет мрежата преку мобилен телефон. IBM нагласува дека во Индија изречениот збор е со поголема вредност отколку напишаниот во образованието, политиката и културата, такашто таму гласовниот интернет би бил повеќе ценет од сите други интерфејси. Според IBM идната технологија ќе се движи кон тој правец, при што интернетот ќе им биде достапен и на оние на кои компјутерите и интернетот им е помалку достапен, како и на оние кои не знаат да читаат или пишуваат.

Дали тој пресврт ќе случи за пет години како што IBM предвидува?  Веќе има пораст на софтвери кои функционираат преку гласовно препознавање. Сега скоро Google му додаде опција за гласовно препознавање на својот  iPhone, каде гласовните команди се преведуваат во поими за пребарување. Google исто така, нуди опција за гласовно пребарување преку GOOG-411 , а и Yahoo и некои други провајдери нудат слични услуги.

Еве ги останатите предвидувања за следните пет години на IBM:
– Соларната технологија за штедење на енергија ќе биде вградена во асфалтот, боите и на прозорците
– Секој ќе има кристална топка за своето здравје
–  Говорен интернет
– Секој да има свој дигитален асистент за купување
– Заборавањето ќе стане далечно минато

[IBM Reveals Five Innovations That Will Change Our Lives in the Next Five Years]

- Реклама -