Нема да верувате што сѐ има во меленото месо…Работи за кои сигурно до сега не сте ни слушнале, а кои сериозно го загрозуваат вашето здравје.
Бактерии
Иако бактериите живеат на сите површини на планетата, па и на храната, тоа се сепак само површини. Внатрешноста на мускулното ткиво е релативно стерилна. Затоа безбедно може да јадете бифтек затоа што високите температури при печењето ги елиминраат површинските микроби, иако внатрешноста останува сирова. Кај меленото месо тоа не е случај. Со мелењето во фабрика површинските бактерии се мешаат со внатрешните делови во единствена целина, што значи дека не може лесно да се елиминираат со термичка обработка. Тоа што скарата однадвор изгледа печена, не значи дека бактериите одвнатре се „убиени“. Затоа потребно е да се пече додека внатрешноста на плескавицата или ќебапот не достигне најмалу 70 степени Целзиусови.
Розова целина
Во прашање е супстанцата која настанува кога ќе се помешаат парчињата од месо, жилите, телесните течности, мастите и разни други остатоци од животни. Наместо да ја фрлат или да ја продадат за производство на животинска храна, многумина во месната индустрија ја користат како евтин додаток на месо во мелената смеса или кобасиците.
Фекалии
Кога животните се колат и им се отвораат стомаците, органите им испаѓаат заедно со месото. Тогаш тоа се собира и се испраќа за мелење. По бактериолошките истражувања, во дури две третини од примероците од меленото месо е пронајдена бактерија Ешерихија коли. Некои врсти од оваа бактерија се безопасни и дури неопходни за нормален процес на варењето, меѓутоа, многу други може да предизвикаат тешки случаи на труење доколку месото не се обработи термички добро.
Супербактерии
За да се сузбијат бактериолошките инфекции кај стоката, на животните им се вбризгуваат големи колични на антибиотици. Како последица на тоа, нормалните бактерии се развиваат во таканаречени супербактерии кои се отпорни на познатите третмани. Познати се и варијации на ешерихија коли, салмонела, ентерококус и стафилококус ауреус – бактерии отпорни на антибиотици кои се пронајдени во меленото месо. Се проценува дека во просек 13 проценти од месото што се наоѓа во продажба има во себе супербактерии против кои луѓето немаат никакви лекови.
Во меленото месо не изостануваат ниту хемикалии,пестициди, метали кои за разлика од бактериите што се разградуваат со термичката обработка се разградуваат дури во стомакот во варењето. Проблем е што некои пестициди и тешки метали не се разградуваат воопшто туку завршуваат во бубрезите и црниот дроб, каде што може да останат до крајот на животот.
Плескавица од илјада свињи
На повеќето луѓе веројатно не им смета тоа што во меленото месо што го јадат се наоѓаат делови од голем број различни животни, понекогаш и преку илјада. Поради тоа на епидемиолозите им е тешко да го утврдат потеклото на бактериите кога избива епидемија на салмонела.
Бидете сам свој мајстор
Некои од овие непријатности може да ги избегнете со тоа што сами ќе си го мелете месото или месарот ќе го направи тоа пред вас.