Основи на сексуалниот бон-тон

Велат во љубовта и војната се е дозволено. Ама сепак треба да се има основна култура. Еве неколку совети за сексуален бон-тон.

1. Хигиена

Никогаш не легнувајте со некого неуредни, нечисти. Нема оправдување Лошата хигиена е потполно неприфатлива за време на сексот. Нема поголем демотиватор од лоша хигиена. Во крајна линија, кажете му на партнерот да почека да се истуширате набрзина. Тоа е и за негово добро. Или предложете заедно да се туширате.

tumblr_mj4uv84hL01rpdgkto1_500

2. Кинење облека

Изгледа интересно на филмовите, ама не е баш така во вистинскиот живот. Вистина е дека буди страст, но партнерот најверојатно ќе се налути ако му ја растегнете маицата или скинете копче од кошулата.

 

3. Прекинување на сексот со други работи

Освен ако очекувате важен телефонски повик за својата кариера или својот живот, нема оправдување. Кој и да се јавува, може да ви испрати порака да се јави подоцна. Така ќе покажете почит кон партнерот. Во 99.9% од случаите, повикот е небитен и само ќе ви ја наруши сексуалната хармонија.

IMG_8273

4. Недоволно нежности

Мислите дека е кул ако одма се соблечете и се нафрлите на партнерот? Грешите. Мажите многу сакаат разменување на нежности пред и по сексот. Сите сакаат малку мазење и за повеќето лица- од двата пола, ова може да биде неопходно. Посветете му се малку на својот партнер.

5. Себичност

Себичноста во креветот е една од најголемите грешки! Не паѓајте толку ниско. Во идеален случај, сексот би требало да биде подеднакво добар за двајцата парнери и да свршат во ист момент. Тоа не е секогаш можно, но не е изговор да не се обидувате. Секако прифатливо е еден од партнерите целосно да се препушти на уживање додека другиот да му пружа задоволства. Но следниот пат улогите треба да се сменат. Врските се давање и земање кои си ги менуваат улогите.

MG_2580

6. Форсирање на фантазии

Нема ништо лошо ако сакате да ви се исполнат сексуални фантазии, но не е во ред да не се договорите за тоа однапред, туку само на пример да ги извадите лисиците од фиока и веднаш да ги употребите. Тоа би го исплашило вашиот партнер.

Поразговарајте пред сексот за своите фантазии – можеби ќе ви се погодат?

7. Предигра

Секс без предигра е како готвење без масло. Освен кога навистина двајцата немате време, а многу сте напалени, па се` мора да се одвива за 5 минути. Во сите други случаи бидете креативни и внесете дополнителна возбуда со предигра.

- Реклама -