Бразилски физиотерапевт (видео)

физиотерапевтОд Бразил излегле голем број на фудбалери кои ги забавуваат фановите со неверојатни трикови. Но сега и докторите на теренот решиле да ја покажат својата креативна страна. Секој пат кога играч на Комерциал се повреди за време на натпреварот против Палмеирас, тимскиот доктор „Бомба“ ги демонстрирал своите акробатски вештини.

Тој излегол на теренот три пати, секој пат навивачите барале акробација од него и секој пат го наградувале со аплауз, иако ова најверојатно покажува дека тој повеќе бил заинтересиран за забавување на публиката отколку за потенцијалните повреди на играчите.

{youtube}c6zU1YRTrqk{/youtube}

- Реклама -