Критична маса #10 – Извади го точакот од гаража!

Денеска во 17:30 часот дојдете со вашиот велоспиед пред Влада и на тој начин приклучете се на Критичната маса, неформален велосипедски настан кој се организира во над 300 градови во светот, кој има за цел намалување на загадувањето на воздухот. 

Критична маса во Скопје е почеток на трансформација на условите во кои се користи велосипедот како превозно средство за секој ден.

„Со оваа Критична маса упатуваме повик да не се чекаат идеални услови, како инфраструктурни, така и временски, за да се извади точакот и да се вози. Градот ќе ја стави темата повисоко на дневен ред кога ќе не’ има повеќе. А во однос на времето, свртете едно кругче со нас за проба, ќе видите дека е ок!“, порачуваат организаторите.

KM10 poster_A3 (1)

„Условите за возење точак во Скопје не се нешто мотивирачки, но сообраќајните гужви, зголемувањето на цената на горивата, поголемата еколошка свест, тенденциите кон поздрав начин на живеење и сфаќањето дека точак е супер превозно средство си го прават своето. Иако ги посакуваме, не ни се чекаат идеални услови за да возиме! Ни се вози!“, стои во повикот.

 

- Реклама -