Предлог за неделен вегетаријански ручек. Вкусен тарт со печурки.
За да го подготвите овој рецепт ќе ви биде потребно:
Состојки:
500 гр готово замрзнато лиснато тесто
1 средна главица кромид
2 лажици маслиново масло
сол, црн бибер
500гр печурки
300гр млад спанаќ
300гр меко сирење
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 400 степени. Поставете го во правоаголна тава тестото, избоцкај го со вилушка и ставете го да се пече. Во меѓувреме запржете го кромидот, посебно запржете ги печурките со спанаќот. Откако тестото ќе зарумени, додадете ги печурките, кромидот и надробете го сирењето. Печете се додека не се зацрвени сирењето.
Bon appetite!