X-37C идниот спејс шатл на NASA?

шатлМистериозното роботско вселенско летало кое поминало седум цели месеци во орбита би можело да биде надградено. Боинг си поигрува со идејата да го прошири X-37B во X-37C, кое би можело да носи до шест астронаути во вселената и назад. Ако Боинг ја реализира оваа идеја, тогаш би X-37C би можел да стане идниот спејс шатл на NASA.

Никој не е сигурен која е функцијата на X-37B. Сè што е познато е дека американското воено воздухопловство го испратило во вселената, двапати, каде што останал долго време, менувајќи орбити и извршувајќи мистериозни експерименти. Очигледно леталото го направило токму она што требало да го прави, и го направило толку добро што воздухопловството побарало од Боинг да направи втора копија.
шатлБоинг пак размислува уште понапредно, тие веќе имаат нацрт планови за X-37C,  кое би изгледало исто како X-37B, но околу двапати поголемо. На овој начин леталото би било доволно големо да носи капсула за шест лица во одделот за товар, или во малку поинаква конфигурација, кабина во стилот на спејс шатлот. Иако X-37C би можело да понуди многу од истите можности како и спејс шатлот (само во помал пакет со смален капацитет за товар), би било поевтино, со помалку одржување и би можел да биде лансиран на врвот од ракетен систам (како ракетата Atlas V) која би можела да биде употребена за дополнителен товар.
шатлКолку се големи шансите ова да се случи? Во моментов постои значајна празнина во американската вселенска програма, NASA моментално зависи од руските капсули за да ги испраќа астронаутите во вселена, иако агенцијата порадо би инвестирала во приватната индустрија отколку да се обиде да подржи ново вселенско летало за повеќе употреби. Но со оглед на тоа што ова е проект на военото воздухопловство го поставува во сива зона, и сосема е возможно војската и Боинг да го направат леталото. [Could a bigger X-37B be the next space shuttle?]

- Реклама -