Ја читате ли електронската пошта на партнерот/ката, го/ја лажете ли како ви беше во кревет со него/неа, премолчувате ли каде сте биле? Да, да и да, покажува едно ново истражување.
Дури и во добрите врски довербата е чувствителна, откриваат податоците од истражувањето објавено во книгата „The normal bar“ на Крисана Нортруп, Пепер Шварц и Џејмс Вит. Да имете целосна доверба во партнерот речиси не е можно, пренесува Huffington Post.
Му верувате ли на партнерот?
Само 39 отсто жени во студијата рекле дека имаат целосна доверба во партнерот во споредба со 53 мажи. Мажите повеќе од жените се заинтересирани за секс надвор од врската, па јасен е податокот дека жените повеќе се сомневаат во искреноста и верноста на својот партнер.
Дали некогаш сте го излажале партнерот?
Речиси три четвртини од испитаниците (75 отсто мажи и 71 отсто жени) признале дека ги лажат партнерите, а само 27 отсто испитаници изјавиле дека никогаш не лажат. Дури и во среќните врски, 69 отсто мажи и жени ги излажеле во некој момент своите партнери.
Лажете ли за своите чувства?
Во врска со ова треба да бидете отворени, искрени и да ги споделувате вашите чувства. Но, 59 отсто мажи и 56 отсто жени лажат за своите чувства. Половина партнери, не само што ги гушат своите емоции, туку и даваат погрешна повратна информација за тоа што им се случува во главата и срцето. Партнерите кои се помалку среќни, очигледно, лажат најмногу: дури 72 отсто несреќни двојки не сакаат да ги споделат своите вистински чувства со своите партнери.
Лажете ли за тоа каков е вашиот партнер во кревет?
43 отсто жени лажат за сексуалната изведба на своите партнери во споредба со само 28 отсто мажи. Причината не е во подобрите љубовни вештини на жените тку во женската потреба да ги заштитат чувствата на своите партнери. Како што може да се претпостави, сексуално незадоволните мажи и жени лажат речиси двојно повеќе од сексуално задоволните партнери. Ако разговарате искрено и отворено со партнерот за проблемите во сексот поголема е веројатноста за постигнување на сексуално задоволство. Лажењето може да предизвика потенцијални расправии и проблеми и помалку оргазми.
Ја читате ли електронската пошта на вашиот партнер?
Повеќе од половина жени и 49 отсто мажи ја читаат електронската пошта на своите партнери. Во овој случај нема разлика меѓу среќните и несреќните партнери.
Дали некогаш сте излажале каде сте биле?
Половина од испитаните мажи и 36 отсто жени изјавиле дека понекогаш лажат каде биле и што правеле. Една од испитаничките објаснила: „Морам да признаам дека многу лажам. На пример, никогаш не му откривам на сегашниот партнер дека сум го видела поранешниот. Не му се допаѓа и мисли дека уште имам чувства кон него. Немам чувства, но сакам да останеме пријатели. Не му кажувам на момчето дека сум со бвишиот, туку дека сум на вечера со пријателките“.