NASA е подготвена да продолжи со развојот на Space Launch System – напредно возило за лансирање на големи товари кое ќе овозможи целосно нова способност за човечко истражување на надвор од земјината орбита. Space Launch System ќе овозможи безбеден и евтин начин за надминување на нашите сегашни граници и отварање на нови откритија од уникатната гледна точка од вселената.
Space Launch System, или SLS, ќе биде дизајниран да може да го носи Orion Multi-Purpose Crew Vehicle, како и важен товар, опрема и научни експерименти до земјината орбита и подалечни дестинации. Дополнително, SLS ќе служи како резерва за комерцијалните и партнерските транспортни сервиси до Меѓународната Вселенска Станица.
{youtube}QO_-kkjY9qU{/youtube}
„Овој систем ќе создаде работни места за Американци, ќе го обезбеди статусот на САД како водачи во истражувањето на вселената и ќе инспирира милиони во целиот свет“ изјавил администраторот на NASA Чарлс Болден. „Претседателот Обама нè предизвика да бидеме храбри и да имаме големи сонови, и ние во NASA го правиме токму тоа. Иако јас бев горд што летав со шатлот, истражувачите на иднината сега ќе сонуваат за одење по Марс.“ [NASA announces design for new deep space exploration system]