Многумина ќе се согласат дека нема посилна врска од онаа која се создава меѓу бремената жена и животот кој расте и се развива во нејзиниот стомак. Меѓутоа, дали таа врска се прекинува целосно кога бебето ќе се роди, особено кога е во прашање син?
Никој не оспорува дека односот меѓу мајката и детето е посебен. Особено кога е во прашање врската на мајката со синот, Научниците сега имаат сосема неверојатно објаснување за Едиповиот комплекс.
Додека е бремена жената со своето бебе се поврзува физички, психички и емоционално. Фетусот во стомакот е зависен од мајката, почнувајќи од храната, преку протокот на крв, па се до топлината и другите витални функции. По породувањето, мајката и детето остануваат блиски, но стануваат две посебни и независни индивдуи.Но, дали навистина е така?
Резултатите од најновото истражување на канадски научници се фасцинантни. Тие откриваат дека во мозокот на мајката е можно да се пронајдат ќелии од синот понекогаш и децении по раѓањето. Кај дури 63 отсто од испитаните дами откриен е ДНК на машкиот потомок.
Експертите тврдат дека во некој момент од бременоста ќелиите од фетусот преминуваат во крвта на мајката, а потоа патувајќи низ телото, ја пробиваат мозочната бариера каде што може да останат со години, а понекогаш и цел живот. Најстарата жена кај која во мозокот е откриен ДНК-та на нејзиниот син имала 94 години во моментот на истражувањето.