Емирати: Стадион сред пустина

Овој модерен стадион е осмислен од група архитекти од Либан познати под името MZ Architects. Нивната идеја била да се соединат природата и архитектурата, така што ќе креираат единствено искуство.

Од далеку, стадионот би требало да се вклопи во околината и опкружувањето. Ќе се простира на површина од 200 000 метри квадратни и ќе поседува спектакуларно осветлување.

749752523511278d1f2c9b715723806_v4 big

Стадионот има за цел да стане моќно и симболично место за големи случувања, како музички така и спортски. Проектот и понатаму е само на ниво на идеја и датумот за почетокот на изградбата сеуште не е одреден.

Ал Аин, познат и како градинест град поради неговите зеленила, е втор град по големина во Абу Даби. Градот се наоѓа околу 120 километри источно од Дубаи, во близина на границата со Оман и има 374 000 жители.

- Реклама -